Се случи замената на векот (фото+видео)

Заедничкиот спонзор на Луис Хамилтон и Валентино Роси, „Монстер енерџи“, успешно го организираше настанот окарактеризиран како „замена на векот“. Валентино Роси, повеќекратниот светски шампион во Мото ГП, проба како е да се вози Црната стрела на Луис Хамилтон, болидот со кој ја освои новата светска круна во Формула 1.

Британскиот возач пак се качи на моќното возило на Роси на две тркала, па заедно свртеа неколку кругови на патеката „Рикардо Тормо“ во Валенсија. Хамилтон првпат проба мотоцикл од кралската класа, додека на Роси веќе му стана навика да вози болид од Формула 1 бидејќи претходно неколкупати раководеше со болид на Ферари.

https://twitter.com/LewisHamilton/status/1204829143109640192

- Оглас -

Најнови вести