Се спрема ли катастрофа на Манчестер? Ливерпул за 13 минути води со 2:0 на „Олд Трафорд“ (Видео)

Манчестер јунајтед веќе се навикна прв да прима гол на „Олд Трафорд“. Ако во дуелот против Аталанта прими два гола за да на крајот успее да направи целосен пресврт за победа од 3:2, овојпат Ливерпул започна пеколно во дербито.

Гостите уште од самиот старт тргнаа во напад, а тоа го крунисаа со гол во 5 минута кога Кеита непречен од никого успеа да го совлада Давид де Хеа.

Покрај голот, Ливерпул имаше уште две добри шанси и за втор погодок, а откако два пати промашуваа, во 13 минута погоди Диого Жота за 2:0 за гостите.

 

- Оглас -

Најнови вести