Се спрема земјотрес во НБА: Лејкерси го трејдаат Вестбрук за Лилард

Изминативе денови во НБА се пишува за потенцијална трампа којашто ќе ја „здрма“ Лигата.

Лос Анџелес лејкерс во своите редови го посакуваат најдобриот играч на Портланд, Демијан Лилард.

Раководството на Езерџиите е подготвено да го пушти Расел Вестбрук, но и првиот пок од 2027 година кој би требало да му припадне на Њу Орленс пеликанс.

Предлогот не едноставен и ги вклучува Лејкерси, Портланд и Њу Орленс.

Тимот од Лос Анџелес ќе го добие Демијан Лилард.

Њу Орленс ќе ги добијат: Вестбрук, Тален Хортон-Такер, Насир Литл и првиот пик на Лејкерс од драфтот во 2027 година.

Портланд, пак, ќе се засили со: Брандон Инграм, Девонте Грахам, Томас Саторански и првиот пик на Њу Орленс од 2023 година.

Како што може да се забележи, операцијата нема да биде едноставна, но екипите имаат време до февруари да се договорат.

Со тоа, Леброн Џејмс ќе добие уште еден играч од светски калибар со кого ќе може да ја напаѓа титулата во НБА-лигата.

Во Лос Анџелес во овој момент покрај Вестбрук и Џејмс, играат: Ентони Дејвис, Кармело Ентони, Ражон Рондо, Двајт Хауард и Де Андре Џордан, како и плејада млади и талентирани кошаркари.

- Оглас -

Најнови вести