Се тресе „Ла Бомбоњера“, за 60 секунди два гола на Суперкласико, Бока води со 2:1 (Видео)

Со еден ден задоцнување поради невреме во Буенос Аирес, вечерва се игра најголемото дерби во Јужна Америка, веројатно и на планетата меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата, а по првиот дел домаќините водат со 2:1.

Легендарниот стадион на Бока, „Ла Бомбоњера“ се тресеше под притисокот на домашните навивачи, а кулминација имаше во 34. минута кога Абилја погоди за предност од 1:0.

Но, домаќините како да заспаа по голот, а тоа го искористи Прато и веднаш во следниот напад израмни на 1:1. Уште еден „земјотрес“ за огромна радост на навивачите на Бока се случи во 46. минута, кога Бенедето ја врати предноста на домаќините за 2:1 по првиот дел.

Според договорот на двата клуба во првото нивно финале во Копа Либертадорес, гостинските навивачи не се присутни на „Ла Бомбоњера“, а нема да ги има ниту на „Монументал“ на 24. ноември во реваншот, кога Ривер ќе биде домаќин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести