Се уште има филинг за добар гол – Балотели со фантастичен слободен удар одговори на свирежите на навивачите на Галатасарај (Видео)

Марио Балотели постигна фантастичен гол од слободен удар за Адана против Галатасарај, сепак недоволно за успех на гостите.

Еден од најголемите фудбалски бунтовници велемајсторски го совлада Муслера од 25 метри, а Уругваецот иако се обиде да одбрани со парада не успеа.

Навивачите на Галатасарај му свиреа на Балотели при изведувањето на слободниот удар, но Супер Марио остана концентриран и постигна гол што е ремек-дело.

Галатасарај победи со 3:2 и на едно коло до крајот на турското првенство е на 11. место со 51 бод, еден помалку од Адана Демирспор, која има 52 бода на деветтото место.

 

- Оглас -

Најнови вести