Се враќа и едно од најжешките фудбалски првенства во Европа

Грција е последната балканска земја која даде дозвола за продолжување на фудбалското првенство. На денешката седница било одлучено речиси по тримесечна пауза, шампионатот на Грција да продолжи на 6 и 7 јуни, а финишот се очекува на 19 јули.

По завршување на лигашкиот дел, треба да се доиграат и дуелите од Купот, каде што во полуфиналето ќе играат ПАОК – Олимпијакос и АЕК – Арис.

Екипите во Грција веќе две недели тренираат почитувајќи ги строгите здравствени мерки, а досега ниту еден од фудбалерите не бил позитивен на опасниот корона-вирус.

- Оглас -

Најнови вести