Се врати бегалецот од 80 милиони евра – Ќе тренира, но казнет е да не игра

Шоја Накаџима се пријави во клупските простории на Порто откако го немаше повеќе од месец и половина на тренинзите на 28-кратниот португалски првак.

Случајот со 25-годишниот јапонски репрезентативец беше еден од најчудните во екот на пандемијата со корона-вирусот, а од него немаше ни трага, ни глас, па дури ни во неговиот клуб немаа информации каде се наоѓа.

Сепак, бегалецот одлучи да се врати на тренинг и веднаш беше тестиран на ковид-19 и доби дозвола да се подготвува со соиграчите, но нема да настапува до крајот на сезоната.

Причината е што поради отсуство од тренинзите, не е физички добро подготвен, но и ќе биде казнет за нелојалноста што ја покажа кон клубот и кон соиграчите.

За Накаџима, Порто лани во јули му плати на Ал-Духаил 12 милиони евра и поседува 50 проценти од правата за Јапонецот, заедно со катарскиот клуб.

Шоја потпиша петгодишен договор со Порто и е еден од најскапите играчи на популарните Змејови со отштетна клаузула од 80 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести