Се знае кои три меча Салах сигурно ќе ги пропушти

Мохамед Салах и во следните 10 дена ќе мора да остане во изолација откако синоќа и вториот тест се покажа дека е позитивен на корона-вирусот. Голгетерот на Ливерпул се зарази додека беше во Египет, каде што воопшто не ни играше за националниот состав откако се покажа дека е заразен. Мо беше заразен додека бил на свадба на неговиот брат, за што постои и видеозапис.

Ливерпул веќе ги започна подготовките за следниот меч во Премиер лигата против Лестер, но секако без Салах во составот. Ако се знае дека голтетерот ќе биде во изолација уште 10 дена, тоа значи дека освен мечот против Лестер, нема да игра ни во дуелите против Аталанта во Лигата на шампионите, како и против Брајтон на 28 ноември во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести