Се знае кој е газда во светскиот ракомет, Данска пак е во финалето на Мундијалот

Ракометната репрезентација на Данска е првиот финалист на Светското првенство во Полска и Шведска, откако со 26:23 славеше над Шпанија во полуфиналната пресметка. Во финалето, противник на Данска ќе биде подобриот од второто полуфинале меѓу Франција и Шведска.

Данците кои по трет пат во низа обезбедија финале на Светско првенство, во текот на целиот меч имаа контрола на резултатот и во ниту еден момент не дозволија Шпанија да води, макар и со еден гол. Данска почна со 2:0, а Шпанија израмни на 2:2. Потоа беше 3:3 и 4:4, но потоа следеше серија од 3:0 за Данска. Потоа Данска водеше и со 10:6, а на полувреме заминаа со највисока предност од пет гола (15:10).

Предноста од пет гола, Данска ја имаше и во првите 10 минути од вториот дел, кога беше 20:15. Шпанците со серија од 4:0 стигнаа до 19:20 за неизвесен финиш. Шпанија во четвртфиналето на чидесен начин се спаси од пораз против Норвешка, но овојпат Данска не го повтори истиот кикс. На 20:21, Данска повторно влезе во серија од четири голови за 25:20 и тогаш беше јасно дека тие ќе играат во третото мундијалско финале по ред, вкупно шесто во нивната историја.

- Оглас -

Најнови вести