Себично од страна на иконата на Ливерпул: Ако тестот е позитивен, ќе го сокријам само за да играм

Греам Сунес, иконата на Ливерпул, за англиските медиуми изјави дека би го сокрил позитивниот тест на ковид-19 само за да игра. Да беше активен фудбалер во моментов, Сунес не би ја кажал вистината бидејќи два месеци пауза без фудбалски активности е период што не би го издржал.

Доста себично од негова страна ако се земе предвид дека лесно може да го пренесе вирусот на соиграчите и противниците, а потоа секој поединечно дома да го донесе вирусот и да се загрозат животите на членовите на семејствата.

„Можеби ќе речете дека сум неодговорен, но да бев активен фудбалер и во случај мојот тест да покажеше позитивни резултати на ковид-19, јас би го сокрил само за да можам да играм. Доколку имам поддршка од тренерот кој смета дека по секоја цена мора да играм, а воедно се чувстувам добро и немам симптоми, сигурно би го сторил тоа“, изјави Сунес.

- Оглас -

Најнови вести