Седеше на клупата за резерви и се повреди од столчето

Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, Серж Аурие, се здоби со банална повреда за време на дуелот против Мали во осминафиналето од Купот на африканските нации. Поради повреда на зглобот на ногата, Аурие беше на клупата за резервни играчи и нервозно го гледаше мечот на којшто неговите соиграчи се мачеа да победат иако беа големи фаворити.

Во еден момент Аурие од нервоза силно удрил во столчето и го повредил зглобот на раката. Неговиот тим на крајот победи со 1:0 и се избори за место во четврт-финалето.

„Малку повеќе ми зовре главата бидејќи не игравме добро. Удрив со раката во столот и ете што се случи“, објаснува Аурие.

Засега не се знае дали играчот на Тотенхем ќе биде подготвен за утрешниот меч од четврт-финалето против Алжир или Аурие поради оваа банална повреда повторно ќе мора да седи на клупата за резервни играчи и да се нервира.

Комплетната понуда за обложување на мечевите од четврт-финалните средби од Афкон може да ја најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести