Седлоски: Главите горе, неискуството си го направи своето

Шкупи не ја мина последната пречка за историски пласман во групната фаза во Конференциската лига откако загуби и во реваншот против Балкани и со вкупни 3-1 застана во плејофот од натпреварувањето на УЕФА.

Гоце Седлоски, тренерот на актуелниот македонски првак, посочи дека нема што да им замери на своите фудбалери, а иако претрпеа неуспех, мора да продолжат со кренати глави.

„Балкани пак ги искористи нашите грешки, како во првиот, така и во вториот меч, а нормално беше тешко да се игра со фудбалер помалку. Сепак, немам што да им замерам на момците, некои од нив првпат играат вакви натпревари, па неискуството си го направи своето. Минавме долг европски пат и се сретнавме со сериозни противници. На Балкани им честитам и им посакувам среќа во групната фаза, а без разлика на резултатот, ние продолжуваме со кренати глави“, истакна Седлоски по мечот.

- Оглас -

Најнови вести