Седумгодишно дете има освоено неверојатни 41 медал во џиу џитсу

Бразилските медиуми се пофалија дека во нивната земја има екстра талент за џиу џитсу, а како доказ објавуваат дека малиот седумгодишен Даниел Коста Барбоса има дури 41 медал, од кои само три се сребра, а останатите 38 се златни.

Даниел почнал да тренира пред две години, кога бил петгодишен, родителите сакале да има некаква физичка активност, да го оттргнат од мобилните телефони, не им била намерата да учествува на шампионати, но се покажа дека „случајно“ го запишале на вистинскиот спорт за него. Талентот што го има е без лимити.

Даниел е светски првак, секако и шампион на Бразил и Јужна Америка во својата возраст. Тренерот вели дека има натпросечна енергија.

 

- Оглас -

Најнови вести