„Седумката“ на Јунајтед го губи својот сјај

Дресот со бројот 7 на Манчестер јунајтед има посебно значење за фановите на овој клуб, обично „седумката“ е резервирана за најголемите ѕвезди, но во последно време играчите кои го носат тој број на грбот не го даваат придонесот како своите претходници.

Ерик Кантона и Дејвид Бекам се фудбалерите кои ја почнаа приказната околу посебноста на дресот со бројот 7, ја продолжи, и тоа повеќе од успешно, и Кристијано Роналдо, кој постигна 84 гола. Но, откако си замина Португалецот, фудбалерите на Манчестер јунајтед со број 7 за девет години постигнале само 15 гола.

Малерот почна со првиот наследник на „седумката“ по заминувањето на Роналдо. Тоа е Мајкл Овен. Некогашниот англиски репрезентативец даде пет гола за Манчестер. Потоа две сезони тој дрес го носеше Антонио Валенсија, кој има постигнато три гола. Ист резултат, три гола, даде и Анхел ди Марија, кој една сезона остана кај „црвените ѓаволи“. Мемфис Депај разочара само со два премиерлигашки гола за две сезони, а засега и Алексис Санчес, кој го носи бројот 7, има само два погодока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести