Сега е шансата да се „уловат“ големи добивки!

Кога започна пандемијата со корона-вирусот, едно од најголемите спортски разочарувања беше одлуката дека од здравствени причини се откажуваат Европското фудбалско првенство и Летните олимписки игри. Тоа се настани кои се случуваат еднаш во четири години, настани кои се очекуваат со големо нетрпение, па затоа и фактот дека за првпат се откажуваат, донесе големо разочараување кај сите искрени љубители на спортот.

Сепак, летово, и тоа како, ни недостасуваат возбудливи, посебно фудбалски настани. Поради пандемијата, три месеци беа прекинати и фудбалските првенства во цела Европа, па токму затоа сега во екот на летото имаше неверојатна фудбалска понуда.

НЕМА ДА ИМАТЕ УТКА АКО ГИ ИГРАТЕ РЕАЛ МАДРИД, АТАЛАНТА, ЈУВЕНТУС, МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД…

Можеби ги нема посакуваните репрезентативни дуели на континенталното првенство, но тука се натпреварите од најсилните лиги во Европа. Поради фактот дека треба што е можно побрзо да се комплетираат првенствата кои досега требаше да завршат, имаме можност по двапати неделно да ги гледаме гигантите Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Интер… Сите овие клубови имаат голем број фанови кај нас, па сигурно на навивачите не им недостасуваат возбудувања од фудбалски аспект.

Големиот број мечеви всушност се и препорака дека летово може да направите многу добитни тикети. Логиката е јасна, играјте на фаворитите, мора да победуваат и така може да заработите одлична сума пари. Реал Мадрид немилосрдно гази и ги победи сите противници, а Барселона е зад грбот на Кралевите. Во Италија, Јувентус и Аталанта се како сигурици за играње, а најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед грчевито се бори за место кое води во Лигата на шампионите во Премиер лигата, па победува, и тоа многу убедливо.

МНОГУМИНА ОБЛОЖУВАЧИ „СЕ ОПАРИЈА“ ВО ИЗМИНАТИВЕ ДЕНОВИ

Дека летово може да биде бериќетно за сите вас, покажаа и двата одлични тикети уплатени од минатиот викенд. Стружанец само со 20 вложени денари направи добитен тикет кој му донесе речиси 11.500 евра! Со слична добивка беше и обложувач кој во скопски Бутел уплатил 50 денари за да добие безмалку 700.000 денари. Овие два тикети се само еден мал дел од сите оние добитни тикети кои во изминативе 10-тина дена беа уплатени и многумина обложувачи среќно ги триеја своите раце.

Пеколното темпо на играње на фаворитите продолжува и оваа недела, па затоа искористете ги овие топли денови за добра забава и правење добитни тикети.

РЕАЛ МАДРИД СО ТИТУЛАТА ЌЕ ГО СЛАВИ И ВАР-СИСТЕМОТ, ПАНДЕВ Е КАКО СТАРО ВИНО

Реал Мадрид во јули одигра три меча во кои ја продолжи перфектната низа по враќањето на терените во ерата на корона-вирусот. Тоа што е карактеристично е дека Реал во сите три средби победи благодарение на одлуките преку ВАР-системот. Двете победи со по 1:0 против Хетафе и Атлетик Билбао беа благодарение на головите на капитенот Серхио Рамос од ударите од белата точка. Пенал имаше и на мечот против Алавес, кога погоди Карим Бензема, а потоа ВАР-системот покажа дека и голот на Асенсио е регуларен, а не како што претходно судиите помислија дека има офсајд.

Во Италија, во центарот на вниманието е Горан Пандев. Капитенот на македонската репрезентација покажа дека е злато вреден играч за Џенова, која се бори за опстанок. Џенова во последните три меча освои четири бода, и тоа најмногу поради Пандев. Гоче погоди против Удинезе најавувајќи дека Џенова нема да загуби иако беше во негатива од 2:0. Вчера во мечот кој Џенова мораше да го добие против СПАЛ, Пандев повторно прв ја тресеше противничката мрежа во триумфот од 2:0. Иако за помалку од две недели ќе наполни 37 години, Пандев покажа дека е класа играч во Серија А.

Од денеска започнува нова недела, нови возбудувања и тоа не само во Италија, Англија и Шпанија, туку во голем број европски првенства. Не чекајте, искористете ја оваа досега неверојатна летна понуда на голем број мечеви и направите ДОБИТЕН ТИКЕТ во Sport Life!

 

- Оглас -

Најнови вести