Јак сеир за Ливерпул во Лондон: Вест хем ги испрати со пораз и легендарна песна од Битлси

Вест хем го сопре походот на Ливерпул и со победа од 3:2 ја сопре серијата од 25 меча без пораз на гостите во сите натпреварувања, патем им го нанесе првиот пораз сезонава во Премиер лигата, а на крајот и ги испрати со мал сеир од Лондон и со песна на бендот што е формиран во Ливерпул.

„Твист енд шаут“ песна на култните Битлси ечеше на „Олимпискиот стадион во Лондон по големата победа на Чеканите, со која го претркаа денешниот ривал на третото место на табелата со 23 бода, еден повеќе од Ливерпул.

Мечот беше одличен, а Вест хем постојано водеше, најмногу и благодарение на двете големи грешки на Алисон Бекер и на крајот победи со 3:2.

 

- Оглас -

Најнови вести