Сеирот е за Рамос, навреме ги исчисти жолтите картони

Серхио Рамос навреме одлучи да ги исчисти жолтите картони, во финишот на првиот дуел со Ајакс во Амстердам, а потценувачкиот однос му се одби како бумеранг – со дополнителна казна од два меча суспензија и со елиминација на Реал Мадрид.

Капитенот на Кралскиот клуб сега е цел на сеирот на социјалните мрежи и тој е еден од главните трагичари на двомечот по кој Кралот беше нокаутиран, и тоа на свој терен од Ајакс.

„Да го замениме капитенот веднаш. Тадиќ ин, Рамос аут“, реагираа навивачите на Реал Мадрид веднаш по болниот пораз од 1-4 и елиминацијата од ЛШ.

„Тоа е капитен на голем клуб. Знае кога треба да направи намерен фаул за жолт картон. Да биде подготвен за четврт-финале. Кое четврт-финале?“, е уште една реакција на симпатизерите на Реал Мадрид.

Рамос го навлече нивниот гнев, но и загуби на рејтингот откако јавно призна дека намерно направил фаул за жолт картон во последните секунди од првиот меч во Амстердам за да го прескокне реваншот и да нема проблем со картоните за четврт-финалето во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести