Сејдини: Федерацијата како никогаш досега работи на инфраструктурата

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини, реши преку видео-порака која ја објави на својот фејсбук-профил да поцентира сето она што федерацијата го сработила во изминативе две години, поточно откако застана на претседателската функција.

„Драги пријатели, дозволете ми накратко да ви објаснам што успеавме да сработиме досега и како фудбалската инфраструктура се менува во Македонија. Со мојот тим успеавме да реализираме многу наши проекти, а воедно да ги довршиме претходните проекти оставени од оперативците пред нас. Инфраструктурата во Македонија се менува како никогаш досега, интензивно се работи насекаде низ државата“, истакна Сејдини, а целосното видео можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

 

- Оглас -

Најнови вести