Секоја чест, мајсторе: Со 100 денари искомбинира „англиски“ тикет и заработи над 14 илјади евра

Големи причини за радост имаше обложувачот од Мачук, кој со уплатени 100 денари, стана побогат за неверојатни 876.151 илјади денари.

Со одиграни 10 натпревари од пониските англиски лиги, каде што се бараше од домаќините, односно гостите да постигнат најмалку по два погодоци, како и големите квоти од Sport Life, овој обложувач покажа како може да се искомбинира добитен тикет без притоа да има изразит фаворит на него.

ЗЛАТНАТА АНГЛИСКА „ДЕСЕТКА“ ДОНЕСЕ ГОЛЕМА РАДОСТ

Како што напоменавме погоре, мајсторот од Мачук искомбинира тикет со популарните игри Т12+ и Т22+, а интересно е што сите 10 средби се одиграа во ист термин, а тоа е сабота од 16 часот.

За добивката од 876.151 се погрижија и неколку голови во последните мигови од средбите и едноставно може да се каже „кога сака, сака“.

Линколн со голот на Реган Пул во 91-вата минута го победи Чарлтон со 2:1, а тоа значеше и заокружување на Т12+ на овој тикет. А уште подоцна, односно во 93-тата минута, Свиндон благодарение на погодокот на Џонатан Вилијамс, израмни на 2:2 против Рочдејл.

„Тесно“ беше и на мечот меѓу Вимблдон и Шефилд вензди, каде што се бараа два домашни гола, а вториот дојде исто така во самата завршница, и тоа преку Џек Рудони, кој погоди исто така за 2:2.

„НАМИРИСА“ ПРЕСВРТИ И СИ ЗАРАБОТИ УБАВИ ПАРИ

Теоријата дека со „мали“ пари и неверојатни квоти не можеш да имаш убава добивка, не „држи вода“, а тоа го потврдува и овој мајстор кој „намириса“ два натпревари „два во кец“.

Со уплатени 100 денари, си заработи малку над 82 илјади денари, а натпреварите коишто ги одигра се од самиот „крем“ на Европа.

Милан иако губеше на полувремето од Верона, и тоа со 0:2, на крајот успеа да направи пресврт со погодоците на Жиру и Кеси, како и на автоголот на Корај Гантер. Со тоа Росоњерите продолжија со одличните настапи во Серија А и му донесоа радост на обложувачот.

Таа беше комплетирана само неколку минути подоцна, откако главниот судија означи крај на мечот меѓу ПСВ и Цволе.

Гостите поведоа рано, во третата минута преку Дајшон Редан, а домаќините се разбудија во последните десет минути, кога набрзина во три наврати ја погодија противничката мрежа.

ФАВОРИТИТЕ ОДИГРАА ПО ПЛАНОТ НА ОБЛОЖУВАЧОТ ОД СТРУГА

Со одиграни 14 натпревари каде што главниот акцент беше ставен на фаворитите, мајсторот за обложување од Струга на уплатени 300, освои 126.883 илјади денари.

Ливерпул беше убедлив против Ватфорд (5:0), а тоа може да се каже и за Баерн Минхен, кој на гости го декласира Баер Леверкузен со 5:1.

Најинтересно беше на средбата меѓу Брондби и Велје, каде што се чекаше домашен триумф, но така не беше до 82-рата минута, кога гостите имаа предност од 1:2.

Најпрвин Микаел Уре (83-тата минута) изедначи на 2:2, а три бода и голема радост донесе Кристијан Капис само две минути подоцна.

БАЗЕЛ И ЛИОН СО ДОЦНИ ГОЛОВИ ИЗРАДУВАА КУМАНОВЧАНЕЦ

Среќата ги прати храбрите, е нешто што со кое може да се пофали овој обложувач од Куманово, кој со уплатени 300 денари, на своето конто додаде 194 илјади 550 денари.

Со 23 одиграни натпревари, од кои на две средби паднаа голови во последните мигови, мајсторот од овој град ќе ги слави екипите на Лион и Базел.

Швајцарскиот тим дојде до победата во 90-тата минута на гостувањето кај Сион благодарение на голот на Едон Жегрова, и тоа со играч помалку на теренот.

На мечот меѓу Лион и Монако потребни беа да бидат постигнати два погодоци и тие дојдоа во самата завршница.

Екамби беше успешен реализатор на пеналот во 73-тата минута, додека во последните мигови пред судискиот свиреж, Џејсон Денајер ја погоди мрежата на гостите за конечни 2:0.

- Оглас -

Најнови вести