Секоја чест на Англичаните, но на Спортска прогноза се издвојува шкотското дерби

Натпревари од англиските лиги доминираат меѓу паровите од основата понуда од 13 меча, плус два резервни, но единствениот кој е од Шкотска го привлекува вниманието на пошироката европска јавност. Секоја чест на Англичаните и дербито Арсенал-Челзи за кое исто така треба да го погодите исходот, сепак најголемо дерби е она во Глазгов, а се игра в недела, од 13.30 часот.

Вашите прогнози може да ги ставате до утре (сабота), до 16 часот, за кога се закажани три меча од Спортската прогноза. Ова е последна рунда на нашата бесплатна игра во 2019 година.

Според процентите на оние кои досега типувале, Селтик е голем фаворит. Две третини од прогнозерите мислат дека Келтите ќе го совладаат Ренџерс. На лондонското дерби најчест тип е двојка на Челзи, речиси половина, додека останатите половина се поделени меѓу триумф на Арсенал и нерешено.

На Островот фудбалот не мирува, се игра и пред Нова година, па тоа е можност и за учесниците во нашата бесплатна игра да добијт IPhoneXS, со што празниците би им биле уште попријатни.

Потребно е да ги погодите сите 13 пара од основната програма и прекрасниот мобилен телефон што го доделува Sport Life ќе биде ваш. Единствениот услов за да се биде дел од играта е да се има Sport Life картичка.

Покажете колку добро го познавате англискиот и шкотскиот фудбал!

- Оглас -

Најнови вести