Во уплатно место на Sport Life во Велес има добитен тикет кој носи бруто-добивка од 96.289 денари со 50 денари уплата, а на него се седум парови од јапонски фудбал.
Додека мнозинството прогнозери се преокупирани со Европското првенство, овој велешанец реши да одигра нешто поинакво, а се покажа како одличен познавач на јапонските екипи, почувствува каде ќе има голови и тикетот вреди да се види од пошироката јавност.
Најчестата игра му е на тимови да дадат два гола, а на мечот и другиот тим да постигне гол. Тоа е типувано (Т1 2+ и ГГ) и на средбата од третата јапонска лига помеѓу Имабари и Каматамаре. Кога се чинеше дека тикетот нема да биде добитен, бидејќи на овој меч кој се играше вчера од 11 часот претпладне, до 91-ва минута резултатот беше 1-1, се случи чудо.
Домашните во 92-рата минута дадоа гол за 2-0, со што се исполни едниот услов за добивка, а за биде „гол-гол“, се погрижи гостински играч кој постигна гол дури во осмата минута од судиското продолжение.