Сексуален напад среде меч врз судијка во Италија и тоа од 14-годишник

На фудбалски натпревар помеѓу млади кадети одигран во Мартелаго во близина на Венеција, се случи еден немил настан, во кој жртва беше 22-годишната Џулија Никастро, која го судеше мечот.

Екипата на Трепорти беше незадоволна од судењето на Никастро, родителите на играчите ја навредувале дека не треба да се меша во фудбал, туку да го работи најстариот занает на светот, а еден 14-годишен играч ги преминал сите граници, и се соблекол гол. Младиот фудбал ѝ понудил на судијката или да му даде црвен картон, или да имаат секс.

Од италијанската фудбалска федерација и здружението на судии го осудија настанот, а поддршка за Џулија дојде и од клубот Палермо, чиј член е вереникот на судијката, Стефано Морео. Морео заедно со Илија Несторовски се главни централни напаѓачи во сицилијанскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести