Селекторот Бајиќ ги запозна потенцијалните сениорски репрезентативци

Селекторот Драган Бајиќ се запозна со репрезентативците на Македонија од младинските погони, од кои најдобрите ќе ги селектира да бидат дел од сениорскиот тим за претквалификацискиот турнир за Светското првенство 2023 година.

На првиот тренинг работеа: Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка), Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка), Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка), Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка), Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка), Виктор Ефремовски (Работнички), Валмир Какруки (Навико Академија ФМП), Андреј Настовски (Црн Дрим), Андреј Митревски (ТФТ), Иван Волкановски (Куманово 2009), Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП), Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија), Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија), Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија).

На првата прозивка присутни беа Лука Савиќевиќ и Андреј Јакимовски, кои се рехабилитираат од повредите, а тренингот го проследи и Стојан Ѓуроски, кој исто така има здравствени проблеми и неговото учество во претквалификациите засега е ставено под знак прашалник.

Селекторот Бајиќ најави дека на четирите предвидени тренинзи денес и утре, ќе послужат за целосен увид во квалитетите,и моменталната форма на нашите млади репрезентативци, од кои најголем дел се веќе со ангажман во селекциите на У-18 и У-20.

„Сакав да ги видам сите кошаркари кои ги имаме моментално на располагање, а се дел од репрезентативните селекции. Во овие два дена, односно неколку тренинзи за да го дефинираме списокот на сите кошаркари на кои од нив би можел сметам за работа во сениорскиот национален тим. Веќе имав консултации со моите колеги кои се предводници на селекциите ‘Под18’ и ‘Под 20’ години. Сакав и го слушнав и нивното мислење, што секако многу ќе ми значи,, особено во изборот на оние играчи кои ќе бидат дел и од сениорскиот тим. Односно дел од нив да биде и награден за вложувањата, за напорите и енергијата која досега ја вложиле во периодот на подготовките“, потенцираше Бајиќ по одработениот прв тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Македонија ќе биде домаќин на претквалификацискиот турнир против Словачка и Швајцарија за пласман во квалификациите за Мундобаскетот 2023, кој од 12 до 18 август ќе се одржи во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести