Селекторот Лазаров ги објави 35-те кандидати за настап на ракометното ЕП!

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, објави поширок список од 35-мина ракометари кои конкурираат за настап на Европското првенство во јануари кое се игра во Унгарија и Словачка.

Македонија своите натпревари од првата фаза ги игра во унгарскиот Дебрецин, а противници ни се Словенија, Црна Гора и Данска.

На списокот нема големи изненадувања, тука се сите коишто играа и досега, а фали повредениот Дејан Манасков и четворица играчи (Петар и Павле Атанасијевиќ, Савревски, и Ѓорговски), тројца од Еурофарм Пелистер 2 и еден од Вардар 1961, кои не ги исполнуваат условите за натпреварување согласно регулативите на ЕХФ за заштита и превенција од ковид-19.

Целиот список може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести