Селекторот Лазаров повика три нови имиња, на листата го нема голманот Митревски

Македонската машка ракометна сениорска репрезентација на 15 и 16 март ќе гостуваат во Романија на два пријателски меча во рамките на ЕХФ-неделата, а селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на кандидати за настап на тие средби.

Пресметките со Романците ќе бидат генерална проба пред бараж-дуелите со Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025.

Лазаров повика тројца нови ракометари во А тимот, тоа се: 17-годишниот Николас Најденовски, кој има играно за младите селекции на Шведска, Валентин Карасманакис и Иван Галевски од Алкалоид, кои исто така се младинци. Галевски е голман и на листата влета на местото на капитенот Никола Митревски, кој не е на списокот.

Од стандардните ги нема и Мартин Велковски, кој е повреден, како и Никола Костески и Никола Маркоски.

- Оглас -

Најнови вести