Селекторот на Аргентина се радува што уште има шанси

Аргентина прво загуби од Колумбија, а сега одигра 1:1 во дуелот со Парагвај, резултати кои го носат некогашниот двократен светски првак на последното место во групата од Копа Америка. И покрај овие очајни резултати и игри, Аргентина останува со шанси дека може да помине во нокаут-фазата од континентаното натпреварување.

„Имаме среќа што уште сме живи. Мораме да го победиме Катар во последното коло“, рече селекторот на Аргентина по дуелот со Парагвај.

Во четврт-финалето од Копа Америка сигурно ќе играат првопласираните две селекции од сите три групи, како и две селекции кои ќе бидат на третото место со најдобар скор. Аргентина дефинитивно во последното коло мора да брка триумф против Катар, но дури ни тоа нема да им гарантира дека сигурно се во нокаут-фазата.

Капитенот Лионел Меси вели дека е фрустриран и дека ќе биде катастрофа ако не ја поминат групата.

„Фрустрирани сме бидејќи не победивме против Парагвај, но сигурен сум дека ќе поминеме во нокаут-фазата. Ќе биде премногу ако испаднеме, посебно во ваква ситуација, каде што практично по три селекции од групата одат понатаму. Сега мора да играме за живот или смрт. Сите во соблекувалната многу сериозно ја сфатија работата“, рече Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести