Селекторот на Австрија од националниот тим исфрли тројца играчи, и тоа од иста екипа поради иста причина

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, реши да исфрли тројца играчи од составот за престојните пријателски мечеви против Словачка (23 март) и Турција (26 март). Сите тројца се избркани од тимот на Рапид Виена и се работи за напаѓачот Бургшталер, Марко Груел, кој игра во средниот ред, како и голманот Никлас Хедл.

Сите тројца се избркани поради хомофобични испади откако биле забележани како извикуваат хомофобични пораки по неодамна завршеното градско дерби против Австрија Виена.

„Таквите пораки сигурно нема да ги толерирам додека сум јас селектор. Сите играчи тоа многу добро го знаат уште од претходно, а овие тројца го покажаа тоа против кое што сите заедно треба да се бориме“, рече селекторот Рангник, кој во минатото беше тренер и во англискиот гигант Манчестер јунајтед.

Тоа што овие тројца фудбалери се исфрлени од составот за пријателските средби против Словачка и Турција, не значи дека за нив е затворена вратата од репрезентацијата за Европското првенство кое ова лето ќе се игра во Германија.

На континенталниот собир Австрија е во група со Франција, Холандија и една од селекциите што треба да се избори за место на ЕП преку додатните бараж-мечеви.

- Оглас -

Најнови вести