Селекторот на Естонија најавува победа против Македонија

Селекторот на репрезентацијата на Естонија, Карел Фолаид е полн со оптимизам пред утрешниот дуел во Скопје против Македонија во Лигата на нации. По досега одиграните четири кола, Македонија има шест бода и е без пораз, додека Естонија е на последното четврто место со само два бода и без ниту една победа.

„Ние секогаш одиме на победа. Ако не успееме да победиме, ништо, животот продолжува понатаму. Најважно е да го дадеме максимумот. Уште немаме победа во групата, но верувам дека брзо ќе дојде и тој ден“, оптимистички најавува Фолаид.

Предводникот на Естонија не верува дека утрешниот дуел ќе биде налик тој од пред еден месец кога во Талин резултатот беше 3:3. Македонија и Естонија вкупно имаат одиграно четири меча а билансот е две победи на нашата репрезентација и две нерешени средби.

 

- Оглас -

Најнови вести