Селекторот на Гибралтар со пофални зборови за Македонија

Гибралтар пред три дена направи изненадување и на свој терен одигра 1:1 против Бугарија, па гостите сега уште повеќе веруваат дека може да се направи чудо и против Македонија. Селекторот Хулио Цесар Рибас фаворитската улога ја препушта на Македонија, но најави дека неговиот тим нема да се предаде предвреме.

„Дуелот против Бугарија е зад нас, и сега се фокусираме на Македонија што е најдобриот тим во нашата група во последните 10 месеци. Победија една Италија, играа добро против Португалија и задоволство е да се биде тука и со нетрпение го очекуваме натпреварот. Подготвени сме“, вели селекторот Рибас.

Играчот на врска и член на шпански Кадиз, Николас Поцо пред неколку дена дебитираше за Гибралтар и тоа на мечот против Македонија, а има само 17 години.

„Среќен сум што дебитирав со 17 години во репрезентацијата, неверојатно е дека толку млад играв на меч против селекција како Македонија. Убаво е да се биде дел од националниот тим. Добро се подготвувавме за овој меч и подготвени сме достојно да се спротиставиме“, вели тинејџерот Поцо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести