Селекторот на Литванија: “Ова е најголемата победа во нашите животи“

Репрезентацијата на Литванија забележа сензационална победа над САД на кошаркарското Светско првенство од 110-104.

Литванците беа шутерски расположени, а САД немаше противигра и на крајот ќе мора да огра против Италија во четвртфиналето.

– “Им реков на моите момци во соблекувалната дека ова е најголемата победа во нашите животи, но истотака е и победа во која само кратко ќе можеме да уживаме, бидејќи мора да ги сочуваме емоциите и енергијата за следниот натпревар против Србија.“ – рече селекторот на Литванија, Казис Максвитис.

Со денешните натпревари заврши и главната рунда, па Светското првенство продолжува со нок-аут мечевите, во кои веќе нема репрезентациите нема да имаат право на поправен.

Двојки:

Италија – САД
Германија – Летонија
Литванија – Србија
Канада – Словенија

Натпреврите се играат во вторник и среда во Манила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести