Селекторот на Португалија на слатки маки: Не можам со четворицата во напад против Франција

Европскиот првак Португалија вчера ја декласира селекцијата на Андора со 7-0. Ниту во пријателски натпревар избраниците на Фернандо Сантош немаа милост кон противникот иако селекторот доста комбинираше со формацијата.

Ѕвездите како капитенот Кристијано Роналдо, Диого Жота, Бернардо Силва и младиот Жоао Феликс заиграа во второто полувреме, кога реализираа пет од вкупно седум погодоци, по што се видоа слатките маки на Сантош.

„Ова беше пријателски меч, па имав простор за комбинирање. Но, против Франција не можам со нив четворица во нападот. Ќе играат тројца, но нема да откријам кој ќе извиси од почетниот состав“, изјави Сантош по победата.

Португалија во сабота го пречекува аткуелниот светски владетел во Лисабон, со надеж и очекувања дека нема да се повтори исходот без голови од минатиот циклус во Лигата на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести