Селекторот на Швајцарија им се закани на Италијанците

Италија на свој терен убедливо стартуваше на ЕП победувајќи ја Турција со 3:0. Аѕурите вечерва играат во второто коло и со нови три бода против Швајцарија ќе имаат загарантирано место во нокаут-фазата. Швајцарија одигра само 1:1 против Велс, но селекторот на оваа репрезентација, Владимир Петковиќ, верува дека може да ја изненадат Италија.

„Ќе дадеме 120 отсто од нашите можности, како што секогаш правиме кога играме со најдобрите екипи. Италија е фаворит, не само во групата, но ние знаеме како можеме да ги изненадиме. Треба да бидеме побрзи и порешителни кога ќе тргнеме во напад“, вели стратегот на Швајцарија, Петровиќ.

Италија има девет победи по ред во сите натпреварувања, а и Швајцарија е во добра форма и на последните осум средби е со шест победи и две нерешени. Четири од последните пет средби на овие две селекции завршиле без победник, а дури седумпати во последните девет средби било со 0-2 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести