Селекторот на Србија: Верувам дека Бог ќе ни помогне да го скротиме Халанд

Фудбалската репрезентација на Србија утре во Осло ќе ги одмери силите со селкицијата на Норвешка во полуфиналниот дуел од плејофот во Лигата на нациите. И нашиот северен сосед, исто како Македонија, преку баражот во ЛН се обидува да избори пласман на Европското првенство, а селекторот Љубиша Тумбаковиќ верува дека ќе добие помош од Бог во мисијата да се скроти еден од најдобрите напаѓачи во моментов во Европа, младиот Ерлинг Халанд.

„Верувам во Бог, тој ќе ни помогне да го скротиме Халанд“, истакна 68-годишниот стратег и додаде: „Секако дека ќе направиме сè што можеме за да го спречиме најдобриот индивидуален на Норвешка“.

Може да се каже дека Тумбаковиќ со право се надева на чудо бидеќи младата ѕвезда на Дортмунд е во извонредна форма и продолжи со голгетерската серија како во ланската сезона. Халанд веќе брои пет гола во исто толку меча во сите натпреварувања, од кои четири погодоци ги запиша во три бундеслигашки средби.

- Оглас -

Најнови вести