Селекторот на Турција со порака: Одиме на победа

Италија на свој терен во Рим ќе игра против Турција во првиот меч од Европското првенство. Аѕурите се фаворити за победа, но селекторот на Турција, Шенол Ѓунеш, е оптимист.

„Роберто Манчини добро го познава турскиот фудбал. Работеше како тренер во Галатасарај и имаше многу талентирани играчи во екипата. Не сме фаворити во оваа група, но би сакал да дојдеме до финалето и да играме токму против Италија. Нашиот пат во репрезентативниот фудбал започна во 2002 година и уште учиме. Ја знаеме силата на Италија, но и нивните слабости. Ќе биде тешко, но ќе се бориме против нив на физички, технички и тактички план. Ова ќе биде дуел на два силни тима и верувам дека може да победиме“, рече селекторот на Турција, Ѓунеш.

На последните два меча на овие селекции резултатот бил 1:1, а немаат играно цели 15 години.

 

- Оглас -

Најнови вести