Селекторот Савевски ги одбра 19-те ракометарки за кои ќе навиваме на ЕП во ноември!

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски, го објави конечниот список на ракометарки што ќе бидат во конкуренција за настап на Европското првенство на кое еден од домаќините ќе биде и Македонија.

ЕП почнува на 4 ноември, а на списокот од 19 македонски ракометарки, ги нема повредените Теодора Дукоска и Елена Ѓорѓиевска.

Македонија која по цела деценија ќе игра на ЕП, во првото коло игра со Франција на 5 ноември во СЦ „Борис Трајковски“, а во група со нас и Триколорите се и Холандија и Романија.

- Оглас -

Најнови вести