Селекторот Тодоров задоволен од спарингувањето со Гостивар

Македонскиот машки кошаркарски национален тим успешно ја реализира првата и единствена проверка во подготвителниот период, одигран е тренинг-меч против прволигашот Гостивар, како дел од подготовките за мечот со Естонија на 20 февруари и три дена подоцна со Русија од квалификациите за ЕП 2021.

Селекторот Александар Тодоров им се заблагодари на гостиварците кои прифатиле да дојдат во Скопје и да спарингуваат 40 минути. Минути добиле сите, Тодоров сакал да ги испроба сите 15-мина кандидати.

„Оваа проверка беше планирана уште во оној првичен план на подготовките. Со оглед на зафатеноста на репрезентациите во нашето опкружение, се решивме на ваква варијанта. Гостивар има тим кој може идеално да парира, со оглед на тоа што зад нас се само неколку тренинзи. Затоа сето ова може да го оценам како доста корисен тест во кој можев да видам до каде сме, до кое ниво на подготвеност сме пред оваа недела и тоа како важна за сите нас“, вели предводникот на нашиот национален тим.

Тодоров не сака да открива детали и да дава поединечни оценки.

„Информациите ги задржуваме за себе, во насока на креирање на оние следни чекори. Имаме уште неколку денови за тренинг пред нас. Ќе ги искористиме максимално. Ќе се обидеме да направиме корекции во оние делови каде што сметаме дека тоа може да биде и подобро, додава Тодоров.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести