Селекцијата до 19 години ја запре Хрватска, ЕП не е само сон

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години одигра задоволителни 1-1 против Хрватска во првиот меч на квалификацискиот турнир во чешкото гратче Кромержиж. Ова е прва фаза од квалификациите за ЕП 2019 во Ерменија.

Избраниците на селекторот Горан Станковски поведоа во 11-тата минута со голот на Дарко Чурлинов, а потоа му ја препуштија иницијативата на противникот. Хрватите напаѓаа јалово, но во 55-тата минута со погодокот на Шутало, кој даде гол со глава по нафрлувањето од корнер, изедначија на 1-1.

Во 66-тата минута, еден хрватски дефанзивец играше со рака во својот 16-ник, но судијата не досуди пенал за Македонија, туку му додели жолт картон на Колевски за приговор.

На 17-ти ноември, „црвено-жолтите“ играат со домаќинот Чешка, а на 20-ти ноември е последниот и најлесен, но можеби и клучен, дуел со Луксембург. Во елитната фаза од квалификациите на УЕФА одат двете најдобри од групата и затоа бодот против Хрватска може да биде многу вреден.

- Оглас -

Најнови вести