Селекцијата до 19 години поразена и од Франција, ништо од главните квалификации за ЕП

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години, денеска во албанскиот град Рогожин, загуби од Франција со 0-2, и ги загуби шансите за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство кое ќе се игра следната година.

После поразот од Србија од 1-2, македонските таленти попладнево беа надиграни од Французите, а двата гола беа примени во првото полувреме, во 14-та и 25-та минута.

Франција има 6 бода, откако на стартот ја победи Албанија со 4-0. За тимот на селекторот Дашмир Беари, останува утешниот меч од третото коло против домашната Албанија за три дена во Елбасан.

- Оглас -

Најнови вести