Селекцијата која е поим за врвен женски ракомет, вечерва во Скопје, а влезот во салата е слободен!

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва од 19.30 часот во „Борис Трајковски“ ќе има чест да ја нагости Норвешка во меч од формалниот ЕХФ Еврокуп, а сите љубители на ракометот во салата може да влезат слободно, без да платат билет.

За Норвешка не треба да се трошат зборови. Норвежанките имаат освоено 30-тина медали од големите натпреварувања, тие се актуелни европски и светски шампионки, во 2008 и 2012 освојуваа злато и на Олимписките игри.

Македонија 15 години нема играно против Норвешка, а и кога сме играле во минатото, тоа биле порази со двоцифрена разлика. Тие во Скопје не дојдоа со најсилниот состав, но, секако, и против подмладен противник ова ќе биде одличен тест за македонската репрезентација пред Европското првенство кое во ноември ќе се игра и во Македонија.

Ниту македонскиот селектор Љубомир Савевски нема да го има на располагање најсилниот состав, имаме повредени ракометарки, па останува да му се даде што е можно посилен отпор на гостинот, кој за три дена ќе биде домаќин на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести