Селта е блиску до деветка против Леванте

Леванте е во криза, има проблеми со повреди на играчите и многу лоша традиција, па очекувам Селта и деветти пат по ред да го победи тимот од Валенсија. Типувам и два „кеца“ во Полска и сигурни победи на Шалке 04 и на Олимпик Марсеј, вели Панче Ќумбев во најавата за новите натпревари во Европа викендов.

Еве го неговиот тикет со пет предлог-типови:

 

Селта Виго – Леванте (сабота, 13 часот)    

Лошата форма на Леванте во гости ми дава право овде за фаворит да го сметам домаќинот. Патем и традицијата е на страната на тимот од Виго. Имаат неверојатни 8 победи по ред во мечеви од Ла Лига против Леванте.

Гостите ќе мора да играат без тројца значајни играчи. Постиго, Тоњо и Рочина се повредени, што е дополнителен хендикеп за Леванте. Мислам дека Селта ќе ги освои трите бода.

Предлог тип: 1 (1.91)

 

Шалке – Фрајбург (сабота, 15.30 часот)   

Шалке е многу поквалитена екипа од гостинот и верувам дека на овој дуел ќе ги освојат трите бода. Тимот од Гелзенкирхен неочекувано се доведе во ситуација да се бори за опстанок, иако се очекуваше да бие битка за позиции во горниот дел од табелата. Фрајбург е една од најслабите екипи во Бундеслигата кога гостува. Типувам единица.

Предлог тип: 1 (1.78) 

 

Олимпик Марсеј – Амиен (сабота, 17 часот)  

Мислам дека е јасно кој е овде фаворит. Домаќинот влегува во мини-серија и мислам дека е веќе време да фати приклучок кон самиот врв. Амиен го чека тешка борба за опстанок, а не игра добро како гостин и освои само 8 бодови на 12 меча.

Марсеј има максимален учинок против Амиен, трипати победи на трите досегашни меѓусебни дуели и очекувам серијата да продолжи. Типувам единица најмалку со два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&Т1 (1.83)

 

Заглебје Лубин – Миеџ Легница (сабота, 18 часот)    

Легница како за нов тим во лигата не игро лошо и добро се носи со предизвикот наречен Екстракласа. Меѓутоа домаќинот е многу искусна и пред сè квалитетна екипа. Тоа го потврдија и во минатото коло со победа против Лех на гостински терен. Мислам дека овде единица е реален избор.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Легија Варшава – Краковија  (недела, 18 часот) 

Во последните петнаесет години Краковија само двапати извлекла нерешено во Варшава против Легија. Сето друго се порази и затоа овде верувам дека традицијата ќе продолжи. Значи единица најмалку со три гола на натпреварот.

Предлог тип: 1&3+ (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести