Селта влегува во победничка серија

1310 Селта Виго – Гранада (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Сезонава и двете екипи играат во лоша форма и јасно е дека главниот приоритет ќе им биде опстанокот во најсилната шпанска лига.

Селта пред своите навивачи има три порази по ред, додека гостите не знаат за триумф шест средби.

Сепак, домашните предводени од капитенот Јаго Аспас го победија Леванте минатото коло со 2:0 и ќе сакаат да влезат во победничка серија која ќе им донесе подобар пласман на табелата.

Предлог тип: 1 и Т12+ (2.01)

 

1010 Кристал палас – Брајтон (Премиер лига Англија, 21:00 часот)

Брајтон има две победи на исто толку гостувања сезонава во Премиер лигата. Кристал палас игра сосем пристојно на „Селхурст парк“.

На четири од последните пет средби, овие екипи играле најмалку гол-гол (два пати), додека во два наврати гостите постигнале гол повеќе и ја однеле победата.

Веруваме дека традицијата нема да биде прекината и дека и вечерва ќе гледаме возбудлив меч со многу погодоци.

Предлог тип: ГГ (1.93)

 

1720 Тулуз – Каен (Лига 2 Франција, 20:45 часот)

Тулуз е најдобропласиран тим во моментов во француската втора лига и е еден од најголемите кандидати за влез во елитата.

Само со триумф над Каен може да ја потврди својата доминација бидејќи по девет одиграни кола има 23 освоени бодови и 20 пати ја има затресено противничката мрежа.

Дома нижат само успеси, а такво нешто се очекува и вечерва, каде што се надеваат дека ќе го повторат последниот дуел на овие две екипи, кој заврши во корист со 3:0 за лидерот во оваа лига.

Предлог тип: Т12+ (1.77)

 

1649 Јонг Ајакс – Мастрихт (Ерсте дивизија Холандија, 20:00 часот)

Фудбалските натпревари од Холандија отсекогаш ни носеле голем број голови, а така очекуваме да биде и вечерва.

Младиот тим на Ајакс едноставно секогаш игра на гол повеќе и на последните два натпревари дури 10-пати ја имаат затресено противничката мрежа.

Мастрихт пак на исто толку средби во гости, дури 12 пати ја ваделе топката од својата мрежа.

 

Предлог тип: 4+ (1.91)

 

4795 Санта Круз – Гуабира (Дивизија еден Боливија, 21:00 часот)

Ако во Европа ги имаме холандските шампионати на коишто паѓаат многу голови, за Јужна Америка тоа е првенството на Боливија.

Едноставно, стрелците во најсилниот тамошен шампионат „лудуваат“, а Санта Круз и Гуабира не се исклучок.

Овие две екипи шестпати се сретнале во својата историја и секогаш играле најмалку ГГ, а неретко паѓале и повеќе од четири погодоци. Така, на последната средба видовме дури осум гола (4:4) и тоа е доволен показател дека погодоците се загарантирани за добивка.

Предлог тип: 4+ (2.90)

 

- Оглас -

Најнови вести