Селтик и во „10 на 10“ го победи Ренџерс, отиде на плус 13

Селтик е големиот победник од денешното најголемо шкотско дерби, бидејќи по победата над Ренџерс од 2-1, побегна на огромни 13 бода предност во овој на глазговскиот ривал.

Проблемите за гостите почнаа во 27 минута кога Одсон Едуард даде гол за 1-0, а три минути подоцна се зголемија, кога првиот стрелец во тимот, Алфредо Морелос, доби црвен картон. Радоста на фановите беше голема, некои од нив влегоа на терен, при што беше повреден еден од редарите, но полицијата брзо воспостави ред и мир.

Колумбиецот Морелос дава многу голови, но има проблем со самоконтролата, тој по дури петти пат сезонава добива црвен картон.

Ренџерс од 2010 година нема победа на гостување кај Селтик, но и ремито за нив ќе беше успех, бидејќи долго играа со човек помалку на теренот. Голот за Ренџерс го даде Рајан Кент.

Тимот на Стивен Џерард сепак не може да се пофали дека двапати во иста сезона го победи Селтик, кој до пред тој пораз во декември, имаше 12 дербија по ред без пораз. И Селтик средбата ја заврши со десет души, бидејќи на 15 минути до крај им се повреди Дедрик Бојата, а веќе беа направени три измени.

Во финишот, кога се чинеше дека гостите се поопасни и посвежи, „зелено-белите“ некако повторно се најдоа во водство. Голот беше дело на Џејмс Форест во 85 минута.

На крај, стрелецот на голот за Ренџерс, Кент, на центарот на теренот го нокаутираше Браун, но судијата не го виде и не му даде црвен картон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести