Селтик казнет со 17.500 за поддршката на неговите фанови кон Палестина

Шкотскиот Селтик е казнет од УЕФА со 17.500 евра поради тоа што навивачите на оној клуб на мечот со Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите вееја палестински знамиња и истакнаа транспаренти со поддршка за палестинскиот народ во воениот конфликт со Израел.

Пред почетокот на овој меч, кој се играше на 25 октомври, навивачите на Селтик вееја голем број палестински знамиња и транспаренти со пораки „Слободна Палестина“ и „Победа за отпорот“, иако клубот од Глазгов јасно кажа дека е на страна на Израел и бараше од навивачите да не го прават тоа што го направија.

- Оглас -

Најнови вести