Семедо: Со Меси е многу полесно, но и без него не бевме лоши

Нелсон Семедо одигра солиден меч за Барселона во ремито 1-1 против Реал Мадрид во првиот меч од полуфиналето во Шпанскиот куп.

Гостите од Мадрид водеа од шестата минута, а на теренот очигледно беше отуството на Лионел Меси кај Басрелона.

„Не игравме лошо и без Меси, но сепак со него на теренот е многу полесно за нас. Го победивме Реал со 5-1 и без Меси, а верувам дека со него во реваншот имаме добри шанси да се пласираме во финалето“, вели португалскиот репрезентативец.

Меси го одигра последниот половина час од новото Ел Класико, овојпат во Купот, и што е добро за Барселона не покажа знаци или последици од незгодниот удар што го доби  на дуелот со Валенсија викендов.

Ако не се случи нешто непредвидено, Аргентинецот би требало да биде во стартната постава на Барселона за реваншот во Мадрид на 27-ми февруари.

- Оглас -

Најнови вести