Семејна трагедија за играч на Тотенхем: Братот на Орие застрелан во Тулуз

Братот на Серж Орие, Кристофер, бил застрелан рано утринава пред ноќен клуб во Тулуз од страна на непознат сторител, кој е уште во бегство. Бекот на Тотенхем се соочува со семејна трагедија само неколку часа откако славеше победа во градското дерби против Арсенал.

Иако брзата помош пристигнала набрзо по инцидентот, Кристофер бил прогласен за мртов кога го донеле во болница. Како неговиот брат Серж, Кристофер исто така беше фудбалер кој настапуваше во регионалната петта француска лига.

Браќата Орие заедно ги почнаа кариерите во младинскиот тим на Ленс, меѓутоа 26-годишниот Кристофер не успеа да достигне прволигашко ниво како Серж.

- Оглас -

Најнови вести