Семејството на Сала е во финансиска криза, не виде ниту пара од штедниот фонд на Кардиф

Семејството на Емилијано Сала, аргентинскиот фудбалер кој го загуби животот во авионска несреќа на почетокот од минатата година, е во финансиска криза, тврдат адвокатите на семејството.

Непосредно откако се заврши истрагата за безживотното тело на Сала и се потврди трагедијата, Кардиф, клубот каде што требаше да продолжи кариерата по Нант, самоиницијативно отвори штеден фонд кој е наменет токму за неговото семејство. Меѓутоа, адвокатите тврдат дека мајката на Сала и неговите брат и сестра немаат видено ниту пара од фондот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, тие биле во Кардиф во ноември минатата година по повик од клубот, со цел да им ги доделат собраните средства, но во Аргентина се вратиле со празни раце.

Адвокатските претставници на Сала се надеваат дека овој проблем наскоро ќе биде решен и ќе се помогне на семејството кое минува низ тежок период.

- Оглас -

Најнови вести