Семејството на Вардар е завиено во црно – Почина познатиот спортски работник Владимир Михајловски-Папс

Спортското семејство на Вардар денеска е завиено во црно по веста дека на 73-годишна возраст почина познатиот спортски работник Владимир Михајловски-Папс.

Популарниот Папс одамна е дел од ракометниот клуб Вардар, а учествуваше во изградбата на модерен клуб, кога „црвено-црните“ почнаа да доминираат на ракометната сцена.

Ракоментиот клуб Вардар со соопштение ја објави големата загуба и се прости од Михајловски.

„Ракометното семејство на Вардар загуби еден спортски работник откако вчера почина Владимир Михајловски – Папс (1949), кој целиот свој живот го посвети на Вардар и ракометниот клуб.

Тој беше дел од РК Вардар во времето кога „црвено-црните” почнуваа да владеат во македонскиот ракомет и сведок на успесите на „црвено-црните”, почнувајќи од легендарната сала „Расадник“, па до СРЦ „Кале“, на првите европски настапи и искачувања.

Се радуваше заедно со клубот на првите трофеи, во Купот и првенството на Македонија. Потоа следуваше период на доминација на вардарци, а Михајловски постојано беше со тимот.

Беше еден од основачите на МРК Вардар, вториот тим на Вардар, каде што продефилираа многу млади играчи, кои потоа продолжија во сениорскиот состав, а најголемиот дел од нив станаа и репрезентативци на Македонија.

Во еден период беше и дел од репрезентацијата, во младинска и сениорска конкуренција, постојано следејќи ги ракометарите“.

 

- Оглас -

Најнови вести