Семејството Велковски се редовни учесници во игрите на Лотарија на Македонија, наградата стигна со рекордната „седмица“

Семејството Велковски од скопско Визбегово се добитници на најголемата награда во играта Лото 7 на Лотарија на Македонија, а за погодената „седмица“ добија 41.163.771 денари, или околу 700.000 евра.

Мите Велковски е главен во семејството кога се работи за бројките на Лото, а вели дека упорноста и континуитетот на играње конечно му донеле среќа нему и на неговото семејство.

„Околу две и пол години ги играм истите бројки и не менувам ништо. Играм редовно откако се организирира лотото и конечно среќата ни се насмевна“, вели Мите.

Добитната комбинација што донесе рекордна добивка во историјата на Лото 7 на Лотарија на Македонија е избор на Мите, а бројките се 1, 20, 24, 25, 31, 32 и 34.

Неговата сопруга Лена го имала тикетот кај себе и веднаш му се јавила на сопругот да го информира дека „седмицата“ на Лото падна во Визбегово.

„Ми рече само прочитај ми ги бројките. Кога му ги прочитав, ми рече кај нас падна седмицата. Пресреќни сме, но и ќе продолжиме да играме и понатаму“, вели Лена Велковска.

Добивката е рекордна во историјата на Лото 7, што значи дека никогаш не се зна, кога среќата може да ви се насмевне со големиот сет на игри на среќа со Лотарија на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести