Сент Луис стигна до „брејк“ и го возврати ударот

Сент Луис блус оствари „брејк“ на второто гостување кај Сан Хозе шаркс со конечни 4-2. Серијата во конференциското финале на Западот сега е нерешена на 1-1, а Сент Луис во следните два меча ќе ја има предноста на домашен терен за да докаже дека „брејкот“ од ноќеска не е случаен.

Гостите поведоа преку Шварц на стартот од воведната третина, а по 5 минути во втората делница зголемија на 2-0 преку Дан. Но, Ајкулите се вратија во игра со двата брзи погодоци на Котур, а Бортузо на три и пол минути пред крајот на вториот период одново ја врати предноста на Сент Луис. Сандквист ги реши сите дилеми во третиот период, по што Блус се радуваа на „брејк“.

Следните два натпревари кои ќе се играат во Мизури се закажани за 16, односно 18 мај со старт во 2 часот по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести