Сент Мери по 17 години и магијата на Шакири и Македонија, повторно е домаќин на англиската репрезентација

Косово ќе биде втората репрезентација што ќе гостува на „Сент Мери“ во Саутемптон, кај Англија, по епскиот меч за нас во 2002 година.

Се уште го паметиме квалификацискиот меч на стадинот на Саутемптон, каде одигравме 2:2 во октомври 2002 година, а Артим Шакири постигна незаборавен гол директно од корнер.

Тогаш и Ванчо Трајанов погоди за Македонија, а Бекам и Џерард погодија за Англија. Тоа досега е единствениот меч што англиската репрезентација го одиграла на овој стадион, па по пауза од 17 години следен гостин на „Гордиот Албион“ во Саутемптон ќе биде Косово на 10. септември годинава во квалификациски меч за ЕП 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести